Швајцарците забранија радување со раце со симболот на двоглавиот орел

Директорот на швајцарската фудбалска репрезентација Пјерлуиџи Тами за Клартекст изјави дека провокациите кои се случија на натпреварот против Србија на Светското првенство во Русија во 2018 година не смеат да се повторат на Светското првенство во Катар.

Швајцарија тогаш ја совлада Србија со 2-1, а стрелци беа играчите со албанско потекло Гранит Џака и Џердан Шаќири кои провокативно ги прославија головите правејќи го со раце двоглавиот орел кој се наоѓа на знамето на Албанија.

„Светското првенство не е само за натпреварот со Србија, дури и ако знаеме колку е посебен овој натпревар, со оглед на тоа што се случи во 2018 година. Не сакаме да ги правиме истите грешки, тука сме да играме фудбал и ништо друго. Не, не сакаме да испраќаме некакви политички или религиозни пораки“, изјави Тами.