Ширер: Тешко дека Њукасл ќе избори опстанок во Премиер лигата

Алан Ширер, кој е легенда на Њукасл Јунајтед, изјави дека веќе не е сигурен во опстанокот на неговиот поранешен клуб во Премиер лигата.

Популарните „Чавки“ се единствена екипа која сеуште не забележала победа во оваа сезона од најсилната англиска лига и се наоѓаат на последното место од табелата со освоени седум бодови.

„Не сум уверен дека можат да опстанат во лигата. Нареден натпревар кој ги очекува е против Барнли и сега ќе се изнаслушаме дека тоа е меч кој мора да го добијат. Поминаа 14 натпревари без победа и што подолго тоа трае, ситуацијата станува многу потешка“, вели Ширер.

Њукасл веќе во сабота ја пречекува екипата на Барнли во рамките на 15. првенствено коло.