Шкендија само ремизираше со Хибернијан и заврши во Европа за оваа сезона

Шкендија не успеа да ја анулира негативата од Шкотска, одигра без голови против Хибернијан и доживеа елиминација со вкупни 1-2, крај на престојот во квалификациите од Конференциската лига.
Македонија веќе нема претставници во Европа, Шкендија беше последната надеж за европска есен, но тетовскиот тим вечерва го заврши настапот.
Мечот се играше во добра атмосфера, Шкендија имаше поддршка во значително поголем број од претходните натпревари, а имаше и сериозна бројка на фанови на Хибернијан.
Првото полувреме не понуди многу возбудувања. Хибернијан ја имаше повеќе топката во своите нозе, се обидуваше да дојде до гол, но не создаде некоја зрела шанса. Шкендија имаше само два обиди од далечина на Криезиу, но тие беа без опасност за голманот Салингер, надвор од неговиот гол.
Во вториот дел играта се промени, Шкендија тргна поофанзивно, а Хибернијан се повлече и се обидуваше од контра напади да го реши предвреме мечот.
Шкендија делуваше поопасно, беше многу поконкретна за разлика од првиот дел. Ндзенгуе имаше еден сериозен шут, биеше за малку крај голот. Се обиде и Димоски, но неговиот удар беше блокиран.
Победата можеше да ја донесе Тамба, имаше една шанса во која го погоди надворешниот дел од мрежата на противникот, а ја имаше и најголемата можност на мечот кога од идеална позиција се лизна и ги разочара навивачите.
По последниот судиски свиреж фудбалерите на Хибернијан се радуваа на пласман во плејофот од Конференциската лига и дуел со Гент. Шкендија ќе се фокусира на домашното првенство каде што цели кон шампионската титула.