Шредер од утре пак ќе стане „езерџија“

Повратникот во Лос Анџелес лејкерс, Денис Шредер, отпатува во Лос Анџелес за да ги помине медицинските прегледи во текот на викендот, објави известувачот на „ESPN“, Дејв Мекменамин.     

Според тренерот Дарвин Хем, Шредер ќе може целосно да се ангажира во понеделник по патувањето на тимот на гостинскиот претсезонски натпревар против Голден Стејт. Шредер потпиша минимален договор со Лејкерси во септември по успешните настапи на Евробаскет 2022 година. 

Минатата сезона Шредер настапуваше за Хјустон, а претходно беше играч на Бостон, Лејкерс, Оклахома и Атланта.