Штутгарт го позајми Чурлинов во Шалке 04

Дарко Чурлинов следната сезона ќе игра во дресот на Шалке 04.

Штутгарт одлучи да ја прифати понудата на легендарниот германски клуб, кој за жал сега ги доживува едни од најлошите години во клупската историја. 

Штутгарт денес и официјално потврди дека го испраќа Чурлинов на позајмица во Шалке до јуни 2022 година.

Чурлинов по истекот на договорот за позајмица се враќа во Штутгарт, екипата на Шалке нема право на откуп на договорот.