Јувентус во преговори за купување на Сергеј Милинковиќ-Савиќ

Весникот Кориере дело Спорт објавува дека управата на Јувентус ги обновила преговорите за ангажман на Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио.

Бјанконерите се соочуваат со големи проблеми на средината од теренот со оглед на фактот дека Пол Погба заработи повреда и според некои прогнози можно е негово отсуство од терените до крајот на годината.

Исто така и Вестон Мекени ќе паузира еден месец поради проблеми со рамото. Поради наведеното, Јувентус започна преговори со менаџерот на српскиот играч кои според информациите се одвиваат успешно. Претседателот на Лацио Клаудио Лотито не сака да го пушти Савиќ од клубот за помалку од 60 милиони евра.