Јуве го позајми Демирал во Аталанта

Аталанта го објави трансферот на дефанзивецот на Јувентус, Мерих Демирал. Клубот од Бергамо го зеде играчот на позајмица со можност за понатамошно купување.

За позајмицата на играчот, Аталанта ќе плати 2,5 милиони евра, а за понатамошно откупување на играчот, ќе треба да се платат уште 25 милиони евра. Покрај тоа, Јувентус ќе добие одреден процент од следната продажба на играчот.

Демирал се приклучи на Јувентус од Аланијаспор во 2019 година. Претходно, турскиот фудбалер играше за Спортинг Лисабон и Сасуоло. Од 2018 година, Демирал е дел од турската репрезентација. Минатата сезона, Демирал одигра 24 натпревари за Јувентус, на кои имаше една асистенција.