Јуве го сака Скамака на позајмица до крајот на сезоната

Раководството на Јувентус е заинтересирано за купување на напаѓачот на Сасуоло Џанлука Скамака. Клубот од Торино активно бара нов напаѓач. Преговорите со Мауро Икарди и Пјер-Емерик Обамејанг се во ќорсокак, па Јувентус се заинтересира за 22-годишниот Италијанец.

Станува збор за позајмување на напаѓачот со опција за откуп. Скамака оваа сезона во Серија А постигна шест гола. Тој е втор стрелец на Сасуоло. Јувентус има освоено 34 бода на 19 средби и се искачи на петтото место на табелата на италијанската Серија А, додека лидер е Интер со 43 бода од 18 натпревари.