Љуботен го совлада Скопје во дербито на колото кај фудбалерките

Во дербито на втората рунда во Фудбалскиот шампионат на Македонија во женска конкуренција, Љуботен како гостин го совлада бранителот на трофејот Скопје со 2-1.

Домаќинот поведе во 10. минута откако Рабија Дервиши ја совлада Ведрана Комненова и тоа по прецизно изведен слободен удар.

На почетокот од второто полувреме во 47. минута, Хава Мустафа израмни на 1-1, а конечниот резултат го постави Фереира Лима со погодокот постигнат во 59-тата минута.

Фудбалерките на Истатов на гостувањето во Кочани забележаа победа од 2-1. Сите три погодоци беа постигнати во второто полувреме. Во 50. Елма Шемсовиќ му носи предност на Истатов, десет минути подоцна Андреа Донева израмни на 1-1, а трите бода на гостинките им ги донесе Радица Чонева која во листата на стрелците се запиша во 77. минута.

Со истиот резултат Тиверија Брера славеше на гостувањето против Каменица Саса. Серијата голови ја отвори Леонтина Пржолева со голот во втората минута од судиското надополнување. По еден час игра, Струмичанки поведоа со 2:0, а голот беше дело на Билјана Панеска.

Во 90. минута, Фрагозо Де Соуза беше прецизна од 11 метри и го постигна единствениот гол за домашниот тим.

Ас Јунајтед триумфираше над Вардар со 3-1. Стружанки поведоа со голот на Јована Павловска во 41. минута. Во 59-тата Тамара Лазеска зголеми на 2-0, а третиот погодок за Ас Јунајтед го постигна Веса Села во 71. минута.

Во петтата минута од судиското надополнување Ана Боризоска ги постави конечните 3-1.

Пелистер Про со истиот резултат ја совлада Речица. Домашниот тим поведе уште во првата минута со голот на Михаела Марковска, која во третата минута од второто полувреме зголеми на 2-0.

Во 54-тата, Милица Мелиса Димитриоска зголеми на 3-0, а во во 72. минута Вања Ристиќ го постигна единствениот гол за гостинките.