Њукасл и Бенфика преговараат за Дедиќ

Њукасл е во напредни преговори со Бенфика за трансферот на Амар Дедиќ, а англискиот клуб е оптимист дека наскоро може да постигне договор.

23-годишниот босански репрезентативец веќе дал согласност за преселба во Премиер лигата, а главната тема во преговорите меѓу клубовите е обесштетувањето. Бенфика бара околу 33-35 милиони евра, додека Њукасл се обидува да договори пониска сума, близу 30 милиони евра.

Дедиќ е добро познат на новиот тренер на Њукасл, Матијас Јаисле, со кого претходно соработуваше во Ред Бул Салцбург. Токму нивната претходна соработка е еден од факторите поради кои дефанзивецот сака да се пресели на „Сент Џејмс Парк“.

Дедиќ во Бенфика пристигна минатото лето од Салцбург и во сезоната 2025/26 забележа 44 настапи за португалскиот клуб.