Џеронимо Рули е нов втор голман на Сити

Манчестер Сити постигна договор за ангажман на искусниот аргентински голман Џеронимо Рули од Марсеј, пренесуваат медиуми од Англија, Франција и Аргентина.
34-годишниот чувар на мрежата, кој беше дел од репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство во 2026 година и е светски шампион од Мундијалот во 2022 година, на „Етихад“ ќе пристигне за обештетување од околу 3,5 милиони евра.
Рули треба да потпише двегодишен договор со Манчестер Сити, кој ќе важи до јуни 2028 година, со опција за продолжување на соработката за дополнителна сезона.
„Граѓаните“ се одлучија за искусниот Аргентинец откако го продадоа резервниот голман Џејмс Трафорд на Лидс за сума од околу 40 милиони фунти. Рули ќе биде конкуренција за местото меѓу стативите со новото засилување Џанлуиџи Донарума.