Џилијан Нгесан потпиша за Ливерпул

Францускиот напаѓач Џилијан Нгесан потпиша за Ливерпул, објави денес англискиот клуб.
Како што беше објавено, Нгесан е купен од Сент Етјен, но ќе игра за Брест како позајмен играч до крајот на оваа сезона, по што ќе дојде се пресели во Ливерпул.
Нгесан одигра 13 натпревари за првиот тим на Сент Етјен и постигна еден гол, по дебито во јануари 2025 година. Новиот член на Ливерпул играше за сите младински категории на француската репрезентација.
Одигра седум натпревари за селекцијата до 20 години на Светското првенство 2025 година, каде што „триколорите“ завршија на четвртото место.
Тој беше избран и во идеалниот тим на Европското првенство до 17 години минатата година, каде што постигна четири гола.