Џон Џонс уапсен во Лас Вегас неколку часа по влегувањето во Куќата на славните

Џон Џонс е уапсен во Лас Вегас неколку часа по влегувањето во Куќата на славните на УФЦ.

Поранешниот УФЦ шампион во полутешка категорија е уапсен поради пријавено семејно насилство и наводна провала во автомобил. Деталите не се познати, но Џонс се најде во 12-часовен притвор.

Џонс одамна има проблеми со законот. Пред година дена беше уапсен исто така поради семејно насилство и возење автомобил под дејство на алкохол. Пет години претходно, беше уапсен поради предизвикување сообраќајна несреќа и бегање од местото на случајот притоа повредувајќи бремена жена.

Џонс влезе во Куќата на славните како еден од најдобрите борци во историјата на УФЦ, кој практично е непоразен. Единствениот пораз му е запишан против Мет Хамил поради дисквалификација, но дополнителните анализи покажаа дека судиската одлука беше погрешна.