Македонија пријави четири олимпијци во Кортина и Милано

Македонскиот олимписки комитет (МОК) денес на посебна прес-конференција го претстави нашиот олимписки тим кој ќе настапи на Зимските Олимписки Игри (ЗОИ) во Кортина Милано од 6 до 22 февруари 2026 година.
Македонската делегација ќе ја сoчинуваат четири спортисти.
Ставре Јада
Дисциплини во Милано Кортина:
- Спринт
- Интервал старт 10 километри
Ана Цветановска
Дисциплини во Милано Кортина:
- Спринт
- Интервал старт 10 километри
Јана Атанасовска
Дисциплини во Милано Кортина:
- Слалом
- Велеслалом
Виктор Петков
Дисциплини во Милано Кортина:
- Велеслалом
- Слалом
Нашите спортисти по добро одработените подготовки патуваат за Италија каде ќе се обидат да дадат сè од себе за добро преставување на Македонија.