Алегри: Целта на Милан останува место меѓу четирите најдобри

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, по натпреварот против Болоња во 23. коло од Серија А, кој неговиот тим го доби со 3:0, изјави дека Милан се уште како приоритет го има пласманот меѓу најдобрите четири на табелата.

„Тие имаат квалитетни играчи. Моравме сериозно да го сфатиме денешниот натпревар. Болоња е секогаш опасна. Игравме многу добро во двете фази. Мислам дека можеме да ја подобриме контролата на топката и да создадеме попрецизни шанси за гол. Беше важно да освоиме 50 бода, но нашата цел е да се пласираме меѓу првите четири, а тоа нема да биде лесно бидејќи првенството е сè уште долго. Секогаш мора да гледаме напред; сè уште треба да освоиме многу бодови за да ја постигнеме нашата цел. Треба да правиме мал чекор одеднаш. Да уживаме во оваа пауза за играчите да можат да се опорават пред натпреварот против Пиза. Би било одлично ако сите беа подготвени“, изјавил Алегри.