Дибала пред потпис со Бока Јуниорс?

Аргентинските медиуми најавуваат можна сензација на трансфер пазарот, бидејќи Пауло Дибала започнал разговори за враќање во татковината и потенцијален потпис со Бока Јуниорс.
Офанзивецот има договор со Рома до крајот на летото, но засега нема најава за продолжување на соработката. Според информациите од Аргентина, разделбата е реална опција, што ја отвора вратата за негов камбек по повеќе од една деценија во Европа.
Дибала ја започна кариерата во Институто, по што во 2012 година се пресели во Палермо за 12 милиони евра. Оттогаш градеше богата европска кариера, а сега би можел повторно да заигра пред аргентинската публика.
Оваа сезона одигра 22 натпревари во сите конкуренции, со учинок од 3 голови и 4 асистенции.