Граховац; Еурофарм Пелистер пак може да биде шампион на Македонија!

Никола Граховац, новото засилување на Еурофарм Пелситер за продолжението од сезоната веќе одработи неколку тренинзи со „зелено-белите“. Тој даде прво интервју, во кое откри дека и лани бил блиску до потпис со битолчани. Како и тоа дека верува дека тимот има квалитет за одбрана на титулата.
„Минатата година кога се знаеше дека си одам од Веспрем, беше близу да дојдам во Еурофарм Пелистер, но заради други причини го одбрав Вецлар, ама бевме во клубот со контакт. Имавме таму некои спортски проблеми, па одлучив да дојдам тука. Лигата на шампионите е ранг повисоко, доаѓа и плеј-офот каде има дерби натпревари. За мене мислам дека спортски подобро е да играм во Битола. Се работи за балансирана екипа, ги знам играчите, сум играл против некои од играчите, сметам дека лани тимот заслужено беше шампион на Македонија и може и оваа година да биде повторно“, изјави Граховац.
27-годишниот пивотмен се обврза на договор со битолскиот клуб до крајот на сезоната, со опција и за следната. Тој доаѓа во Битола од бундеслигашот Вецлар. 201-сантиметар високиот Граховац има искуство од настапите на големата сцена, бидејќи во Лигата на шампионите играл за Загреб и Веспрем, а негов прв клуб е Дубрава.