Карл добива нов договор во Баерн Минхен

Раководството на Баерн Минхен е во напредни преговори со агентот на Ленарт Карл, Михаел Балак, за продолжување на неговиот договор, објави Фабрицио Романо. Младиот играч наполни 18 години на 22 февруари, кога неговиот договор автоматски важеше до летото 2029 година.

Сепак, Баварците сакаат да го задржат Ленарт Карл уште подолг временски период и моментално разговараат за договор до летото 2031 година, како и за зголемување на платата на играчот. На „Алијанц Арена“ сакаат да ги затворат вратите за клубовите заинтересирани за Карл. Клубот го гледа како играч околу кого може да се гради тимот во иднина. Самиот играч е многу среќен во Баерн Минхен и се очекува дека нема да има проблеми со повторното продолжување на неговиот договор.

Оваа сезона, Ленарт Карл има 30 натпревари за првиот тим на Баварците, во кои постигна седум гола и 4 асистенции.