Киву им честита на Норвежаните: Бодо Глимт заслужи осминафинале

Главниот тренер на Интер, Кристијан Киву, ја коментираше елиминацијата на тимот од Лигата на шампионите. Миланскиот тим претрпе пораз од Бодо-Глимт и во реванш натпреварот од плејофот за пласман во 1/8 финалето на турнирот, овој пат дома со 1:2.

„Се обидовме со се што можевме против многу добро организиран тим кој се бранеше во низок блок. Фактот дека не можевме да го прекинеме ќорсокакот во кој се најдовме создаде психолошка зона на удобност за нив. Не можам да им замерам на момците за ништо, бидејќи вложија максимален напор за да успеат. Во второто полувреме успеаја да создадат нешто и да постигнат два гола. Многу сме разочарани. За жал, денес игравме против тим со многу повеќе енергија од нас и мора да им честитаме бидејќи заслужуваат да продолжат понатаму“, изјави Киву.