Еурофарм Пелистер донесе бод од Данска и остана во трка за плеј-офот

Ракометарите на Еурофарм Пелистер успеаа да останат непоразени на вечерашниот меч против ГОГ Гудме во Лигата на шампионите (28-28), резултат со кој ги задржаа шансите за пласман во нокаут фазата.
Ова беше соочување во кое македонскиот прволигаш покажа карактер и успеа да се врати во игра и остане непоразен иако домаќинот во повеќе наврати водеше со пет разлика.
ГОГ Гудме го доби првиот дел со 15-11, но токму ова како да му беше потребно на клубот од Битола кој се разбуди во продолжението, беше рамноправен, па дури и поведе со 25-24. Беше драматично до самиот крај, Еурофарм Пелистер дојде до израмнување и потоа се одбрани од завршниот налет на данскиот клуб и го забележа првото сезонско реми.
Голманот Митревски беше фантастичен со двоцифрен број на одбрани, Видомски даде седум гола, а по шест имаа Кузмановски и новото засилување Граховац. На другата страна Митун беше автор на седум гола.
Во следното 13. коло Еурофарм Пелистер ќе го прчека ПСЖ на 4 март.