Македонија ќе биде дел од платформата „Спортски игри за млади“

Утре ќе биде потпишан договор за соработка со кој Македонија официјално ќе се приклучи на меѓународната платформа – „Спортски игри за млади“. Тоа значи дека нашава земја ќе биде дел од реномираната меѓународна спортска манифестација што се одржува под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет и Европската комисија.
На настанот ќе присуствуваат: претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за спорт, Борко Ристовски, високи претставници од политичката и бизнис заедницата, меѓународни претставници и истакнати спортски легенди, заштитни лица на Игрите.
Договорот ќе го потпишат претседателката на Федерација на училишни спортови на Македонија, Елена Мицковска и претседателот на Плазма Спортските игри за млади, Здравко Мариќ.