Скопје домаќин на завршницата од Купот на Македонија во одбојка

Финалниот турнир од Купот на Македонија, по пауза од 15 години ќе се врати во главниот град.

Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија, одлучи истиот да се одржи од 26 до 28 март 2026 година. Натпреварите ќе се играат во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

Најдобрите четири екипи, кај мажите и кај дамите, низ тридневна програма ќе се борат за трофејот.

Завршницата од Купот во машка конкуренција ги има истите учесници како и минатата сезона. Бранителот на пехарот Штип УГД, ланскиот финалист Струмица, како и ГОК Борец и Работнички.
Кај девојките, Наковски Волеј ќе ја брани титулата, a предизвикувачите се Младост УГД, Вардар ЕМ и Газели Волеј. Овие три екипи испишаа клупска историја и за првпат ќе играат на еден Ф4 турнир во Купот.

На 26 март ќе се играат полуфиналните натпревари во женска конкуренција во термини од 17:30 и 19:30 часот.

Во истите термини, ден подоцна (37 март), на програмата се полуфиналните дуели кај мажите,

28 март е резервиран за финалињата. Женското ќе стартува во 17:30 часот, додека машкото финале ќе се игра од 19:30 часот.

Ждрепката за полуфиналните парови во двете конкуренции предвидено е да се одржи следната седмица.