Мудрик спремен за враќање по допинг суспензијата

Украинскиот фудбалер Михајло Мудриќ веќе повеќе од една година не игра поради суспензија откако беше позитивен на допинг тест. Но, сега е на повидок неговото враќање на теренот, а се шпекулира за кој клуб би можел да настапува.
Мудрик последен пат играше во ноември 2024 година за Челси, кога фудбалскиот свет беше шокиран од веста дека е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Украинецот од самиот почеток тврди дека е невин и дека не е свесен за внесување на забранети супстанци во своето тело. Сепак, казната му беше изречена во траење од четири години.
Неговиот случај потсетува на оној на Погба, кој беше отсутен речиси две години пред неговата суспензија да биде укината, што сега му овозможува да биде дел од тимот на Монако.
Иако Мудрик остана во Челси, гледно на тоа дека клубот не го раскина договорот со него, постоеја гласини дека тој можеби ќе се откаже од фудбалот за да се фокусира на атлетика.
Сепак, неодамна објави видео кое потврдува дека повторно почнал со тренинзи додека се очекува укинување на неговата суспензија, што би му овозможило повторно да заигра.
Овој 25-годишен фудбалер има активен договор до 2031 година и Челси го плаќа, со надеж дека ќе се врати на теренот и ќе го покаже својот потенцијал.