Охрид се избори за полуфинале на ЕХФ Купот

Ракометарите на Охрид со денешната победа против Олимпијакос со 25:24 го потврдија пласманот меѓу најдобрите четири екипи во Европскиот Куп на ЕХФ.

Во одлична атмосфера во СЦ Билјанини Извори, домаќините ја одбранија предноста од пет голови од првиот меч во Грција и ги израдуваа фановите со историски пласман во полуфиналето на едно европско натпреварување.

Во нашиот тим се издвои Анте Иванковиќ со осум голови пред Томи Јагуриновски со четири. Кај Олимпијакос, Савас постигна пет гола. Во полуфиналето на ЕХФ Купот, нареден противник на Охрид ќе биде словенечкиот состав Целје.