Жарко Ристоски е нов тренер на турски Истанбул

Еден од најдобрите македонски одбојкарски тренери, поранешниот репрезентативец Жарко Ристоски, следната сезона ќе работи во едно од најсилните европски национални првенства. Ристоски денеска и официјално потпиша договор со турскиот прволигаш екипата на Истанбул Беледијеспор и ќе го предводи тимот од почетокот на следната сезона.

Од клубот денеска соопштија дека Ристоски е доведен за да го однесе тимот едно скалило нагоре, кон тимовите кои следната сезона ќе се борат за место во плеј-офот во најсилниот турски одбојкарски шампионат.

Во тековната сезона, Ристоски со екипата на Ал Хилал ги освои практично сите трофеи во шампионатот на Саудиска Арабија.