Словенецот Миха Котар ќе го засили Еурофарм Пелистер

Средниот бек на српскиот ракометен клуб Партизан, Миха Котар, од следната натпреварувачка сезона 2026/27 ќе ги брани боите на Е.Пелистер.

Во последните неколку натпревари, Словенецот беше најдобриот играч на белградските „црно-бели“.

Особено блесна во финалето на Купот на Србија во Бањица против Динамо Панчево (34:27). Иако имаше договор до јуни 2027 година, Словенецот доби дозвола од Партизан за промена на средината.

Се очекува да го замени сонародникот Домен Тајник кој по три години во „зелено-белиот“ дрес се враќа во Словенија во Слован Љубљана, сигурен учесник во Лигата на шампионите следната сезона.