Италијанецот Крипа е победник на маратонот во Париз

Италијанскиот атлетичар Јеманеберхан Крипа е победник на маратонот кој се одржа во Париз, триумфирајќи со најдобро време од два часа, пет минути и 18 секунди.

Втор на целта мина Бајелињ Тешагер од Етопија, а третото место му припадна на Кениецот Сила Кипту.

За победникот Крипа ова е прв голем успех во „градот на светлината“, со што ја потврди својата извонредна форма.

Во женска конкуренција, победата замина кај Шур Демис од Етиопија, која триумфираше со време од два часа, 18 минути и 34 стотинки, оставајќи ја зад себе сонародничката Мисгане Алемајеху, која доцнеше една минута зад победничката, а на третата позиција заврши Кенијката Магдалин Масаи (2:19:17).