Локатели во Јуве до 2030 година

Челниците на фудбалскиот состав Јувентус сакаат да го задржат на подолг рок капитенот Мануел Локатели, се наведува денеска во дел од медиумите на „чизмата“.
28-годишниот италијански репрезентативец и клубот од Торино се согласија да го продолжат неговиот договор до 2030 година. Тековниот му беше валиден до јуни во 2028 година.
Играчот од средниот ред настапува за „старата дама“ од 2021 година. Тој во сезонава одигра 30 мечеви со еден гол и две асистенции.