Мејно доби петгодишен договор на „Олд Трафорд“

Играчот за врска на Манчестер jунајтед, Коби Мејнo, постигнал договор за нова соработка со клубот медиумите од Англија.
Фудбалерот ќе потпише петгодишен договор со плата од 150.000 фунти неделно, што е околу четири пати повеќе од неговата сегашна заработка.
Под водство на привремениот менаџер, Мејнo брзо се наметна како еден од клучните играчи во тимот и повторно ја зацврсти својата позиција.
Новиот договор е јасен показател дека на „Олд Трафорд“ сериозно сметаат на него и планираат иднината на Манчестер јунајтед да ја градат околу својот младинец.