Јунајтед стави тринаесет играчи на трансфер листа

Дури тринаесет фудбалери би можеле да го напуштат Манчестер Јунајтед следното лето, како дел од голема реконструкција на тимот и обид за стабилизирање на финансиите и резултатите.
Клубот од „Олд Трафорд“ се соочува со преоден рок во кој излезните трансфери ќе бидат исклучително важни.
Се очекува вистинска „чистка“, со бројни продажби – вклучувајќи играчи за чии трансфери се исплатени огромни суми, објавува „Манчестер Ивнинг Њуз“.
Еден од најпознатите случаи е Маркус Рашфорд, кој игра одлична сезона во Барселона (13 гола и асистенции).
Барселона има опција да го купи за околу 30 милиони евра, што англискиот клуб го смета за ниска цена во споредба со неговиот квалитет.
Сепак, неговото останување не е исклучено, иако желбата на играчот е да ја продолжи кариерата во Барселона.
Тимот ќе се раздели и со Касемиро, кој пристигна во 2022 година за околу 70 милиони евра, но е јасно дека неговата ера во клубот е завршена.
Во нападот, Расмус Хојлунд (14 гола, 6 асистенции) е блиску до заминув