Виси настапот на Алкараз и на Вимблдон

Шпанските тениски легенди Алекс Кореча и Фелисијано Лопез синоќа беа гости во емисијата „Ел Ларгеро“ на радиото „Кадена Сер“, каде што главна тема беше повредата на Карлос Алкараз.
Двајцата експерти беа едногласни, Кореча дури изјави дека не е сигурен дали ќе го видиме младиот мурсијец на Вимблдон, додека Лопез, како директор на Мастерсот во Мадрид, потенцираше дека враќањето е дозволено само ако Алкараз е целосно опоравен.
Карлос мора да биде максимално претпазлив и не смее да си задава рокови за враќање. Најважно е да ѝ се даде доволно време на тетивата да заздрави. Дури за еден и пол месец ќе имаме појасна слика за неговата состојба“, изјави Кореча.
„Не сум сигурен дека ќе биде подготвен за Вимблдон. Мора да биде крајно внимателен, бидејќи играта на трева бара нагли движења кои можат дополнително да го оптоварат зглобот ако не е целосно заздравен.