Алкараз нема да биде спремен ни за Вимблдон

По веста дека најдобриот шпански тенисер, Карлос Алкараз, ќе го пропушти Ролан Гарос поради непријатна повреда на десната рака, сомнежот на неговите фанови се протега и на следниот гренд слем.
Ако го прашате неговиот сонародник и поранешен тениски ас, сега коментатор, Алекс Кореча, многу е веројатно дека и Алкарас ќе го пропушти и Вимблдон.
„Ќе мора да бидеме исклучително трпеливи. Засега, сè треба да се набљудува ден по ден, да се чека неговата повреда да заздрави најдобро што може, без точен датум на враќање“, рече Кореча.
Подготовките за сезоната на трева ќе бидат многу кратки, а повторно, исклучително опасни со видот повреда што ја има Алкараз.
„Имам чувство дека по месец и половина, во кој нема да има натпревари, мора да видиме како ќе се врати на тренинзите и како ќе ја започне сезоната на трева.
Не знам дали ќе биде лесно бидејќи е трева, понекогаш мора да направите незгоден потег, мора да сервирате уште посилно, а тоа може дополнително да ја влоши состојбата на зглобот.
Не сум сигурен дека ќе биде подготвен за Вимблдон. Проблемот е што немам поим колку долго ќе трае процесот на закрепнување“.