Интер ја завери 21-та титула првак на Италија

Екипата на Интер е нов шампион на Италија, откако со победата од 2:0 над Парма на домашен терен и математички ја обезбеди својата 21-ва титула во клупската историја.

На три кола пред крајот на првенството, „нераѕурите“ го искористија киксот на Наполи (0:0 против Комо) за да ја започнат големата прослава пред своите 75.000 навивачи во Милано.

Овој успех е историски за тренерот Кристијан Киву, кој стигна до Скудетото во својата дебитантска сезона на клупата на Интер.