Кузманоски одбра 18 кадети за подготовките за ЕП 2026

Селекторот на машката ракометна репрезентација М-18 , Горан Кузманоски го објави списокот на играчи повикани за настап на ЕХФ ЕУРО 2026 кое ќе се одигра во Србија.
На списокот на селекторот Кузманоски се најдоа два голмани, четири крилни играчи, девет бека и три пивотмени.

Собирот ќе се одржи на 06.07.2026 (Понеделник ) со почеток во 17:00 часот во Спортската сала Јане Сандански ( мала сала).
На ова ЕП кое ќе се одржи во Србија, Македонија е во група заедно со Словенија, Шведска и Франција, а ќе се одржи од 29 јули до 9 август во Белград.