Исмаел Бенасер си замина од Милан

Калчолигашот Милан спогодбено стави крај на соработката со алжирскиот фудбалер од средниот ред Исмаел Бенасер кој изминатите седум години го носеше црвено – црниот дрес.

Дваесетиосумгодишниот Алжирец пристигна на „Сан Сиро“ од Емполи во 2019 година, а последните сезони ги мина како позајмен фудбалер во Олимпик Марсеј и загрепски Динамо, откако имаше долгогодишни проблеми со коленото.

„Милан го потврдува завршувањето на договорот на Исмаел Бенасер со заемна согласност и му посакува многу среќа во продолжението на кариерата“, се наведува во клупското соопштение.

Бенасер настапи на 137 натпревари во Серија А за Милан и одигра клучна улога во освојувањето на шампионската титула во сезоната 2021/2022.