Куртоа: Мурињо е вистинскиот човек за Реал

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, со суперлативи зборуваше за Жозе Мурињо и начинот на работа на португалскиот стратег, со кого повторно соработува по периодот поминат заедно во Челси.
Белгискиот голман истакна дека кај Мурињо особено ги цени дисциплината, јасно поставените правила и фактот што тимскиот интерес секогаш го става над индивидуалните амбиции на фудбалерите.
„Мурињо е многу барачки тренер. Става голем акцент на дисциплината и секогаш го става тимот пред индивидуалните играчи. За мене, тоа се суштински компоненти на победата“, изјави Куртоа.
Куртоа во својата кариера веќе имаше можност да работи со Мурињо во Челси. Токму под водство на португалскиот тренер, белгискиот репрезентативец и лондонскиот клуб стигнаа до титулата во Премиер лигата, а Куртоа денес со посебна емоција се присетува на тој период.
„Тој е одличен тренер и многу отворена личност. Кажува сè како што е и тоа ми се допаѓа. Мислам дека тоа е патот што треба да го избереме и тој е вистинскиот за нашиот тим“, додаде голманот на Реал Мадрид.