Станковиќ поднесе оставка по европскиот дебакл на Црвена Звезда

Црвена звезда доживеа срамен пораз на домашен терен од Хапоел Бер Шева, црвено-белите загубија со 0-2 и со вкупни 0-3 се елиминирани.
Звезда вчера не одигра ништо, беше далеку од она што го посакуваат навивачите, а епилогот ќе биде промена на тренерот.
Според „Моцарт“, Дејан Станковиќ се збогувал со играчите во соблекувалната по мечот, што јасно кажува дека тој ќе биде заменет.
Црвена звезда за 12 часот закажа итна седница на Управниот одбор. Се верува дека овој состанок е за да се потврди заминувањето на Станковиќ.
Во текот на денешниот ден ќе има официјална информација дали Дејан Станковиќ и дефинитивно заминува.