Астон Вила и ПСЖ во битка за првиот европски трофеј сезонава

Фудбалерите на Пари Сен-Жермен и на Астон Вила вечер од 21.00 часот во Салцбург, Австрија, ќе се борат за трофејот во Суперкупот на УЕФА.

Французите ќе влезат во мечот како победници во Лигата на шампионите додека Астон Вила доаѓа како освојувач на Лигата на Европа. Тимот од „Паркот на принцовите“ ќе има шанса да го одбрани трофејот откако во изминатата година го совладаа англискиот, Тотенхем.

Французите и Англичаните се сретнаа во четвртфиналето на Лигата на шампионите во пролетта во 2025 година. Тогаш ПСЖ го доби првиот натпревар дома со 3-1 а во реваншот Астон Вила победи со 3-2.