Јаник Синер потврди дека ќе игра на УС Опен

Италијанскиот тенисер Јаник Синер најверојатно ќе биде подготвен за УС Опен, но поголемата непознаница е Карлос Алкараз.
Лекарот Џани Даниеле предупредува дека четиримесечната пауза на Шпанецот може да донесе физички и психолошки проблеми при враќањето.
Даниеле, претседател на лекарската комисија на Италијанската тениска федерација, не гледа причина за драматизирање на состојбата на Синер. Италијанецот ги откажал настапите во Монтреал и во Синсинати поради проблеми со коленото.
– Мислам дека не треба да се претерува со проблемот на Синер и дека тој ќе биде подготвен за УС Опен – изјави Даниеле за „Република“.