Сити го продолжи договорот со Џереми Доку

Манчестер Сити го продолжи договорот со напаѓачот Џереми Доку. Сега важи до 30 јуни 2031 година.

„Навистина уживав во времето поминато во Сити, па можноста да останам тука подолго е фантастично чувство. Овој клуб ми значи многу – пораснав како играч и како личност. Чувствувам дека припаѓам тука и знам дека се подобрувам секој ден благодарение на работата на персоналот тука.

Тешко е да се објасни колку овој клуб прави за да им помогне на играчите. Не го земам здраво за готово, а тоа ме прави подобар човек. Со доаѓањето на Енцо Мареска, многу сум возбуден за новата сезона. Неговиот стил на фудбал е нешто што го сакаме, па затоа е возбудливо за играчите.

Навивачите на Сити се исто така огромна причина зошто го продолжив мојот договор. Ја чувствувам нивната љубов и поддршка, а тоа ми значи сè на светот. Сакам да се фокусирам на тоа да им го донесам успехот што го заслужуваат“, изјави 24-годишниот Белгиец за клупскиот сајт на „Граѓаните“.

Доку игра за англискиот клуб од август 2023 година. Во Во сезоната 2025/26, напаѓачот постигна осум гола и имаше седум асистенции во 47 натпревари.