Алберт Риера нов тренер на Црвена Звезда

Црвена ѕвезда веќе започнала да ги разгледува можните наследници, а како прв фаворит се издвојува Алберт Риера.

Според „Спорт клуб“, шпанскиот тренер во моментов е најблиску до преземање на белградскиот тим.

Риера остави одличен впечаток за време на неговиот престој во Цеље, поради што неговото име и претходно се поврзуваше со доаѓање на „Маракана“.

Доколку преговорите со Риера не завршат успешно, како алтернативно решение се споменува Радомир Коковиќ, кој моментно го предводи Железничар Панчево.