Златко Далиќ нов селектор на ОАЕ

Хрватскиот фудбалски стрчњак Златко Далиќ , кој претходно ја предводеше хрватската репрезентација, е назначен за селектор на репрезентацијата на ОАЕ. Ова беше објавено во соопштението на Фудбалската асоцијација на Обединетите Арапски Емирати.

„Добредојде, Златко Далиќ! Фудбалската асоцијација на ОАЕ со задоволство го објавува назначувањето на Хрватот за главен селектор на фудбалската репрезентација на ОАЕ“, се вели во соопштението на прес-службата на ОАЕ.

Претходниот тренер на тимот, Космин Олароиу, беше отпуштен во мај поради неуспехот на тимот да се квалификува за Светското првенство во 2026 година.

Далиќ се повлече од селекторската функција во хрватската репрезентација во јули по девет години на чело на оваа репезентација. Под негово водство, Хрватска освои сребро на Светското првенство во 2018 година и Лигата на нации 2022/23, како и бронза на Светското првенство во 2022 година. На најновото Светско првенство, во 2026 година, Хрватите завршија во осминафиналето, губејќи со 2:1 од Португалија.