Почнува меѓународниот ракометен турнир во Охрид

Од денес 18-ти август до 22 август во Охрид ќе се одржи јубилејното 5. издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ – Охрид 2026.

И оваа година во Охрид ќе има врвни ракометни натпревари, а за тоа гарантираат имињата на учесниците на турнирот кој треба да послужи за добра подготовка на екипите за новата сезона.

Организаторот веќе е подготвен за првите средби кои се играат денеска:
16.30 Вардар – Олимпијакос
18.45 Охрид – Египет У20
21.00 Војводина – Загреб

Екипите с еподелени во две групи:
Група А: ГРК Охрид, Загреб, Египет У20 и Војводина
ГрупаБ: Вардар, Нексе, Олимпијакос и Тримо Требње

Во текот на наредните денови ќе бидат одиграни сите средби во групите, а последниот ден, 22 август е резервиран за финалните натпревраи за пласман.

Натпреварите се играат во СЦ „Билјанини Извори“ ,цената на влзниците за поединичен натпревар е 100 денари, а блок влезница за сите натпревраи на турнирот е 800 денари.

Бранител на трофејот од минатата година е домашната екипа на ГРК Охрид која пред една година славеше против Еурофарм Пелистер.