Викарио е нов голман на Јувентус на Спалети

Јувентус го потврди трансферот на Гуљелмо Викарио, кој пристигнува во Торино од Тотенхем на едногодишна позајмица.
Италијанскиот голман ќе остане во Јувентус до 30 јуни 2027 година, а договорот вклучува и опција „Старата дама“ да го откупи неговиот договор по истекот на позајмицата.
Јувентус за потенцијалниот перманентен трансфер ќе треба да плати осум милиони евра, додека сумата може да порасне за дополнителни два милиони евра преку бонуси поврзани со остварувањето на одредени цели.
Викарио (29) се враќа во Серија А по три години поминати во Англија. Тој во 2023 година пристигна во Тотенхем од Емполи и за лондонскиот клуб забележа 117 настапи, при што 29 пати ја сочува својата мрежа недопрена. Со Тотенхем ја освои и Лигата на Европа во сезоната 2024/25.