Астон Вила одби 45 милиони евра за Воткинс

Ал-Хилал ѝ понудил на Астон Вила сума од 45 милиони евра за голгетерот Оли Воткинс, но клубот од Премиер лигата ќе ја одбие, објави „Атлетик“.

Составот од Бирмингем сака да го задржи напаѓачот на Англија, чиј договор истекува до 2028 година.

Клубот од Саудиска Арабија продолжува со напорите да го потпише Воткинс, откако доби поддршка од блиски луѓе до фудбалерот кои веруваат дека трансферот ова лето е можен. Следната понуда би требало да ја надмине сумата од 50 милиони евра.