Џеф Безос купи 40% од акциите во Ливерпул

Мнозинскиот сопственик на англискиот гигант Ливерпул, компанијата „Фенвеј Спортс Груп“ (ФСГ) продаде 40% од акциите во фудбалскиот клуб Ливерпул на конзорциум во кој е и третиот најбогат човек во светот, Џеф Безос.
Договорот беше најавуван со недели, а вчера беше објавено дека конзорциум наречен „1982 Холдингс“ купил 40% од сопственоста на „црвените“.
Нов потпретседател на Ливерпул ќе биде Амит Батија, кој претходно беше дел од сопствениците на „Квинс Парк Ренџерс“. Исто така, постои можност конзорциумот да купи дополнителен процент и да ја преземе контролата врз клубот во следните 12 месеци.
Ливерпул се проценува на околу 6 милијарди евра, што значи дека 40% удел би ѝ донел на „1982 Holdings“ околу 2,4 милијарди евра.