ТФТ се засили со Ѓорѓи Цветковски

Кошаркарски клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на тимот за сезоната 2026/27 со уште едно големо засилување и инвестиција во македонската кошаркарска иднина амбо ТФТ ново име е Ѓорѓи Цветковски!
Со само 18 години, Цветковски веќе покажа дека е еден од најголемите македонски таленти.
На Европското првенство до 18 години бележеше одлични 17.3 поени во просек, со извонредни 45% реализација за три поени, со што се најде како втор најдобар стрелец на првенството и беше меѓу кандидатите за MVP признанието.
потписот на Цветковски, ТФТ практично го обединува бековскиот тандем на македонската репрезентација до 18 години, дополнително потврдувајќи ја својата стратегија – инвестиција во младите, развој на македонските таленти и градење на иднината на клубот.