Костоски потпиша за штипски „соколи“

Александар Костоски и официјално е нов играч на КК Соколи.
Поранешниот македонски репрезентативец – Александар Костоски се чини дека е вистинско ново засилување за новата сезона.
На Евробаскет 2015 беше најефикасен во нашиот национален тим со 49 поени на пет натпревари, а во богатата кариера настапувал во Македонија, Франција и Романија.