Монако му врачи отказ на Пол Погба

Пол Погба повеќе не е играч на Монако, откако клубот објави дека спогодбено се разделил со поранешниот светски првак. Во објавата се потенцира дека само делумно ги исполниле целите што ги поставиле на почетокот на минатата сезона. Погба тогаш потпиша двегодишен договор. Сепак, сега е раскинат откако Погба одигра само 115 минути за Монако минатата сезона.

Ова е уште еден од низата удари што ги претрпе фудбалерот кој на почетокот на деценијата беше еден од најдобрите во светот, легенда на Јувентус, Манчестер Јунајтед и француската репрезентација, која ја предводеше до светската титула во 2018 година и за која одигра 91 натпревар.

Две години претходно, Јунајтед го врати од Јувентус за 106 милиони евра.

Допинг, повреди, семејно насилство, депресија

Во летото 2022 година, Погба се врати во Јувентус и наскоро следеше неверојатна низа проблеми: паѓање на допинг тест и долгорочна суспензија, постојани повреди, семејна изнуда и уцена, по што падна во депресија.

Најголемиот удар врз неговата кариера се случи во август 2023 година, кога падна на допинг тест по натпреварот помеѓу Јувентус и Удинезе. Тестот покажа покачено ниво на тестостерон. Во февруари 2024 година, првично беше казнет со драконска четиригодишна забрана. По жалбата, казната му беше намалена на 18 месеци, што му овозможи да му се врати на фудбалот.