Голем пех за Обрадовиќ, тешка повреда на Кендрик Нан

EUROLEAGUE 2024-2025 / ЁєɆM …ˉÑDɏՠ- ЁϠ

Голем проблем за Панатинаикос и Жељко Обрадовиќ пред почетокот на новата сезона. Еден од најважните играчи на атинскиот тим, Кендрик Нан, се здоби со повреда на десното колено и мораше да биде опериран.

Американскиот бек се повредил за време на индивидуалните тренинзи во САД, а во средата успешно бил подложен на артроскопска парцијална менискектомија. Според првичните проценки, го очекува пауза од шест до осум недели.

Тоа значи дека Нан најверојатно ќе ги пропушти подготовките со екипата, а неговото враќање на терените се очекува на почетокот на октомври. Новата сезона во Евролигата започнува на 24 септември, па Американецот нема да биде подготвен за воведните натпревари.

Според информациите на грчките медиуми, Нан би можел да ги пропушти и првите домашни натпревари на Панатинаикос против Париз, Асвел и Макаби Тел Авив. Неизвесен е и неговиот настап на стартот од грчкото првенство, чиј почеток е планиран за првиот викенд во октомври.